Ова момче има само 6 години, а веќе е директор на сопствена компанија
Запознајте го 6-годишниот Оливер „Оли“ Феќире, кој е вистинска инспирација и мотивација за сите!
За време на една училишна активност, при која учениците требало дa донесат нешто оригинално што ги претставувало самите нив, малиот Оли го претставил својот совршен изум: „Бомба“ за бања, произведена од неговата сопствена компанија.
Тие се во цврста форма и служат за купки, бидејќи се раствораат во вода, а се изработуваат од есенцијални масла и често доаѓаат со различни убави мириси.
„На децата им беше кажано да донесат нешто што ги прави посебни. Првичната идеја на Оли беше да донесе сопствена фотографија, бидејќи во изминатите 3 години, тој се занимава и со моделство. Но, не беше сигурен дали тоа е доволно уникатно. Но, пред некое време беше на роденден и на својата другарка и подари „Олис Физи бомба“ за во бања.
Бидејќи девојчето беше премногу воодушевено од подарокот, Оливер реши истото да го претстави и на училишната активност и беше премногу возбуден таму да зборува за својот бизнис“-вели неговата мајка Дариа Кинг.
Бизнисот кој бил основан минатата година, бил целосна идеја на малиот Оливер.
„Иако е мал, отсекогаш беше ориентиран кон бизнис. А со кариерата како модел, обожава што сам заработува свои пари и веќе ја сфаќа паричната вредност. Откако во 2017-та година, по повод Божиќ направивме такви „бомби“ за во бања, Оли реши да продаде дел од нив на своите другарчиња“- додава Дариа
„Бомбите“ доаѓаат во колекции и тие не се обични како останатите. Туку скроени како за децата, доаѓаат со играчки, весели бои и уникатни теми, кои ќе го направат времето за бањање на најмалите една удобна и забавна активност, а притоа мирисаат подеднакво прекрасно.
Во бизнисот на момчето му помага неговиот татко, кој е задолжен за графичкиот аспект на производите, но Оли е тој што всушност ги тестира, ги донесува сите важни одлуки, а дури и сам ги снима рекламите за компанијата.