Ова момче има скоро 2 години, а веќе на секои 6 недели го посетува фризерскиот салон
Запознајте го 21-месечниот Артур Пател, од Стивенејџ, уште откако се роди, постојано го привлекува вниманието на сите каде и да отиде, благодарение на една негова богата карактеристика.
Неодоливото детенце се родило со бујна коса, а неговата мајка, 33-годишната Ана Бернард вели дека дури и бабиците во болницата биле изненадени од впечатливиот изглед на нејзиниот син.
Артур и денес, после неполни 2 години, сè уште го привлекува вниманието веднаш штом ќе зачекори на улиците надвор, а сите погледи вперени во момчето се пропратени со бројни позитивни реакции и воодушевувања.
За одржување на раскошната коса, за Артур се грижи неговиот фризер, кој само до 12-та недела, го посетил најмалку 9 пати. Сега момчето кое наскоро ќе го прослави својот втор роденден, фризерскиот салон го посетува на секои 6 недели.
„Одењето на фризер не е една од неговите омилени активности. Можеби бидејќи неговата коса бара поголем труд, па тоа му пречи. Сепак успеаваме да го смириме така што му дозволуваме да гледа цртани филмови на телефон“-вели неговата мајка Ана
Во продолжение погледнете како изгледа уникатното момче, кое веќе како што велат и самите негови родители, ги освојува срцата на сите околу него: