Ова природно домашно масло ефикасно го решава проблемот со проширените вени и успешно се бори и против мигрената
Скоро сите луѓе знаат за овој природен зачин, кој е особено популарен во нашата кујна, но многу малку луѓе всушност знаат за чудесните и лековити својства на истиот, кој е особено корисен за нашето здравје.
Станува збор за ловоровиот лист.
Лековити својства и придобивки од ловоровиот лист
- Го смирува нервниот систем
- Помага во зајакнување на имунолошкот систем
- Го прочистува дебелото црево
- Помага во процесот на прекумерено потење
- Ги ублажува болките во зглобовите
- Има моќно и чудесно својство за лекување на проширените вени
- Ја подобрува умствената функција
Домашно масло од ловоров лист за лекување на проширени вени
Потребни состојки
- 30 гр ловоров лист
- 250 мл масло за готвење
Начин на подготовка
- Најпрво сомелете ги ловоровите листови, а потоа врз истите полејте го маслото за готвење.
- Добиената смеса ставете ја во стаклен сад или тегла и добро затворете ја истата.
- Поставете ја теглата со смесата на ладно и темно место. Потребно е смесата да отстои 14 дена.
- Се препорачува од време на време да ја кренете и придвижите теглата, со цел да се раздвижи самата смеса внатре.
- Откако ќе поминат 2 недели, прецедете ја смесата.
- Потоа повторно складирајте ја смесата во сад и во ладна и затемнета просторија и воедно истата може да започнете да ја користите кога и да посакате.
Употреба на домашниот лек со ловоров лист
Пред употреба, може да го загреете добиеното масло и потоа да го нанесете на зоните каде се манифестираат проширените вени и местата каде чувствувате болка.
Истовремено, овој лек е совршено решение во ситуации кога страдате од мигрена, при што повторно само треба да го нанесете маслото на кожата.
Може да се користи и за ублажување на вообичаена главоболка и болка во увото.
Го подобрува апетитот и ја елиминира болката во стомакот и дигестивниот тракт.
Домашниот лек може да го користите и за навлажнување на кожата и лицето, а воедно моќното масло е неверојатно ефикасно во борбата против акни и воспаленија на кожата.