Мала доза на љубомора во врските, па дури и во пријателствата е нормална, но има и такви луѓе што едноставно љубомората ги јаде одвнатре и неретко тешко се справуваат со истата.

Полесната форма на љубомора е соодветна и е доказ за постоењето на емоции. Сепак, тие потешки форми не се здрави и можат многу да влијаат на животот на една личност.

Според хороскопот, ова се 2-та најљубоморни знака во хороскопот:

1. Скорпија

Претставниците на овој знак се песимисти и недоверливи, па затоа им е тешко да одржуваат врски и пријателства затоа што секогаш размислуваат однапред што може да се случи и што може да тргне наопаку. Тие се прилично посесивни и не можат да издржат да бидат одделени од луѓето за кои се грижат, па затоа можат да бидат агресивни и љубоморни кога немаат сè под контрола.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Јарец

Јарците никогаш не се целосно задоволни од својот живот, па затоа постојано размислуваат како би било да се биде некој друг и мислат дека сите останати се подобри од нив. На нив им е тешко да функционираат во врските бидејќи постојано размислуваат што може да се случи со нивниот партнер и дали се доволно добри за истиот. Заради нивната несигурност, тешко е да воспостават сериозни врски.