Ова се 3-те најдобри природни лекови против хемороиди – Домашно решение со траен ефект
Хемороидите се васкуларни образувања во аналниот канал, кои помагаат при контолирање на празнењето. Истите се претвораат во израстоци кога се подуени или воспалени.
Денес ви ги откриваме 3-те најдобри природни лекови со кои засекогаш ќе се ослободите од овој несакан проблем:
1. Лук
Земете 3 чешниња лук и комбинирајте ги со 3 ловорови листови. Поставете ги состојките во тенџере со врела вода и оставете ја смесата да врие 10 минути. Десет минути подоцна отстранете го тенџерете од оганот и прецедете. Откако ќе се излади, нанесете го лекот врз засегнатите области. Повторете го третманот 3 пати дневно.
2. Камилица
Камилицата е неверојатно ефикасна кога станува збор за намалување и ублажување на аналните воспаленија. Едноставно пригответе чај од камилица, почекајте да се излади, а потоа нанесете на засегнатата област. Повторете го третманот, додека целосно не го решите проблемот.
3. Јаболков оцет
За лекување на надворешни хемороиди, јаболковиот оцет се нанесува директно врз засегнатата област со помош на памучен туфер, потопен во оцет. Сепак, имајте во предвид дека употребата на јаболков оцет може да предизвика привремено чувство на горење, но пак веднаш ќе го излекува чувството на болка и чешање.