Доколку веќе подолго време размислувате да започнете здрав начин на живот, тогаш најверојатно веќе знаете дека првиот чекор е да започнете здраво да се храните.

Но, со бројни информации, термини и диети, да се сфати што всушност значи здравиот начин на живот, може да биде и вистински предизвик.

Најдобро е да започнете со основите. Откако ќе ги совладате основните правила, ќе ви биде мноуг полесно да останете да чекорите по вистинскиот пат:

1. Додадете овошје и зеленчук во секој ваш оброк

Ова правило најлесно ќе го запомните по изразот дека вашето дневно мени треба да изгледа како едно виножито. Обидете се да внесете овошје и зеленчук во секој ваш оброк, а воедно запаметете дека различните бои ќе ви обезбедат различни хранливи материи. Поконкретно, со практикувњето на ова правило, вашето тело ќе се снаби со антиоксиданти, кои се важен сојузник во борбата против воспалителните процеси и спречувањето на разните болести.

Направете го овошјето и зеленчукот дел од вашиот оброк и ужина. Можете да додадете боровинки во вашата овесна каша за појадок. За закуска, јадете јаболко со лажица путер од кикиритки. Консумирајте зелена салата за ручек. Попладневната ужина нека бидат моркови и секогаш консумирајте зеленчук приготвен на пареа, за вечера.

Во деновите кога ќе паузирате од зеленчикот, внесете повеќе  јогурт, семки, банани и мед во вашето дневно мени.

2. Консумирајте цели зрна

Ова правило носи бројни придобивки со себе: Gо подобрува здравјето на срцето, го намалува крвниот притисок, помага во губење на тежината и одржувањето на тежината.

На мажите на возраст меѓу 14 и 50 години се препорачува да консумираат 38 грама хранливи влакна на ден. Во просек, повеќето внесуваат само 15 грама.

3. Не се плашете од мастите

Со децении, се велеше дека маснотиите се лоши. Проблемот е што мастите ги во модерно време ги заменивме со шеќери. Сега експертите велат дека постојат здрави масти кои се всушност добри за организмот.

Здравите масти можат да се најдат во маслиновото масло, авокадото и рибата. Затоа направете ги овие намирници дел од вашето секојдневном мени. Тие се добри за вашиот мозок, срце и обемот на половината.

Додадете путер од кикирики во вашата утринска каша или подгответе лосос за вечера и што е најважно, не плашете консумирате топка сладолед доколку на момент, почувствувате таква потреба.