Ова се 3-те женски имиња, кои на нивните сопственички им даваат посебна сила, енергија и харизма и ги прават успешни и среќни
Името, како и самиот хороскопски знак, остава уникатен впечаток врз карактерот на личноста. Енергијата на женските имиња им дава на нивните сопственички, неверојатно посебни и чудесни карактеристики, а еве кои имиња значат сила, успех и голема среќа:
1. Александра
Името Александра потекнува од античкото време, а се поврзува со зборовите „смел“, „заштитник“, „надеж“ и „помош“. Како и сите имиња, кои имаат јасно изразен машки корен, така и ова име се смета дека неговата сопственичка ја штити од сите зли сили и несреќни, особено преку истакнатоста на буквата Р.
Силниот и моќен звук кој се добива со изговарање на ова име, ја прави дамата да изгледа независно, силно и моќно, а нејзиниот живот е исполнет со хармонија, благодарение на посебната енергија што го носи нејзиното име.
2. Викторија
Викторија значи „победничка“ и дамите со ова име секогаш се стремат да победат, во било која област во нивниот живот и да ги заштитат нивните најблиски. Според историјата, името се поврзува со природата, вселената и успехот, при што сопственичките на ова име речиси и никогаш да немаат непријатности во нивниот живот.
Викторија означува жена која лесно може да најде партнер и љубовен сопатник за целиот нејзин живот, но истиот е потребно да биде исклучително силен, за да биде еднаков на дамата со ова име.
3. Елена
Елена во превод значи „јасна“ и „светла“. Светлината која се содржи во самото име им помага на неговите сопственички секогаш да постигнат успех на секое поле во животот и без многу труд, да се справат со непријатните работи во секојдневнието.
Според статистичките податоци, името Елена се наоѓа на врвот на листата, кога станува збор за најголем број на успешни жени со тоа име.
Според историјата, на дамите кои го носат ова име, дури и боговите им завидувале на нивната убавина.