Ова се 4-те дами од хороскопот кои имаат способност да го маѓепсаат секој маж, но често остануваат сами
Дури и да не сакате да признаете, едноставно постојат одредени жени кои како магнет ги привлекуваат мажите. Тие поседуваат сè: Убаво лице, совршена фигура, женствени се и полни со страст.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
Нивната убавина и шарм се толку магнетни, што често мажите се подготвени светот да им го подарат на дланка, но често поради одредени причини тие немаат успеси на љубовното поле. Еве за кои 4 дами станува збор:
1. Бик
Жените родени во овој хороскопски знак се неверојатно љубоморни личности и очекуваат партнерот со нив да биде 24/7. Самите тие пак, секогаш умеат да флерутваат со други, при што ваквата врска со убавиците во знакот на Бик, често ги доведува до лудило нивните партнери.
2. Лав
Овие жени се познати по нивниот тежок карактер. На мажите кои се борат да го освојат нивното срце секогаш им ја кажуваат суровата вистина во лице, дури и во моменти кога е подобро да се премолчат некои работи. Затоа често нивните партнери поради ваквиот притисок, започнуваат да ја бараат среќата на друго место.
3. Девица
Девиците имаат способност партнерот до нив да го променат целосно, по нивна мерка. Но, не секој маж сака да оди на опера, наместо на балет и да има светла коса, наместо темна. Во крајна сметка, кога мажот ќе сфати дека Девицата не го сака таков каков што е, става крај на врската.
4. Вага
Жените, претставнички на овој хороскопски знак, многу добро знаат како да освојат еден маж. Но, избирајќи го својот принц, тие не претстануваат да ги шармираат и останатите мажи околу себе. Токму поради таа причина, избраникот често не може да се справи со помислата дека милион мажи би сакале да се на негово место и дека жената Вага постојано има додворувачи.