Ова се 5-те главни показатели кои откриваат дека вашиот метаболизам не функционира правилно
Правилното функционирање на метаболизмот е исклучително важно за добрата општа состојба на целиот организам.
Сепак, вашата исхрана и нивото на физичка активност значително влијаат на неговата брзина. Ова е причината зошто најчесто луѓето се соочуваат со зголемување на телесната тежина, консумирајќи нездрава храна и имајќи пасивен животен стил.
Еве кои симптоми укажуваат дека вашиот метаболизам не функционира како што треба:
1. Постојано сте уморни
Иако заморот може да биде резултат на бројни други работи, како што се недостаток на сон и напорна работа, сепак доколку цело време се чувствувате уморни, многу е веројатно дека вашиот метаболизам е толку бавен што не ја претвора храната во енергија доволно брзо, како што би требало.
2. Вашата кожа и коса стануваат суви
Постојат многу причини зошто косата и кожата стануваат посуви од вообичаеното, но бавниот метаболизам е еден од клучните фактори затоа што вашите клетки не се обновуваање со нови доволно брзо.
3. Постојано имате желба за храна полна со шеќери
И покрај здравата исхрана, постојано копнеете чоколадо? Вашиот метаболизам веројатно не работи правилно затоа што ефикасно не ја претвора храната што претходно сте ја консумирале.
4. Се здебелувате и покрај тоа што се храните здраво
Доколку станува збор за таков случај и внимавате на вашиот дневен внес на калории, консултирајте се со лекар и нутриционист за да ви помогне да пронајдете решение за забрзување на метаболизмот.
5. Постојано ви е ладно и сте нервозни
Вашиот метаболизам е исто така одговорен за затоплување на вашето тело, при што, доколку неговата функција е нарушена, голема е веројатноста дека тоа ќе придонесе постојано да се чувствувате ладно, и покрај добритите температурни услови. Нервозата како производ на лошата телесна функција честопати произлегува од сите овие фактори и е индикатор дека треба да поработите на квалитетот на вашиот живот.