Некои компании навистина заборавиле што значи да се биде хуман.

Мајка ја нарече авиокомпанијата Рајанер вистински срам, тврдејќи дека авио-персоналот го застанале нејзиниот 15-годишен аутистичен син и му забраниле да се качи на летот, откако претходно се обиделе да му наплатат 28 евра за куклата што ја носел.

Хелен Естела, од Донкастер, Англија, тврди дека нејзиниот син Лео, доживеал нервен слом поради начинот на кој бил третиран од страна на неучтивиот персонал на авиокомпанијата, кои отишле до степен, што повикале полиција.

Лео патувал заедно со неговата негователка и имал закажан лет од градот Аликанте, Шанија до неговата родна В.Британија, во која било предвидено да слета во Сабота вечерта.

Негователката ја потврдила целата приказна, велејќи дека персоналот се обидел да му наплати 28 евра на Лео за неговата кукла, бидејќи ја оцениле како „рачен багаж“.

Лео, кој според неговата мајка, има ментален капацитет на тригодишно дете започнал да добива панични напади, откако персоналот не му дозволил да влезе со неговата кукла, која инаку му служела како поддршка и терапија на аутистичното момче.

На сцена биле повикани и 4-5 полицајци, бидејќи ситуацијата набрзо ескалирала.

Кога полицијата на физички начин се обидела да го вразуми Лео, тој доживеал нервен слом.

Сетоа тоа Хелен го објавила на нејзиниот профил на Фејсбук.

„Мојот кутар Лео денес доживеа нервен слом, откако персоналот на авиокомпанијата Рајанер се обиде да му наплати за неговата кукла. Потоа дури повикаа и полиција за интервенција, а тоа за едно аутистично дете беше шок. Не сите здравствени состојби се видливи! Вие сте вистински срам.“- напиша револтрианата мајка на Фејсбук.

Од авиокомпанијата Рајнер пак, ја негираа целата ситуација. Од таму велат дека персоналот се однесувал сосема пристојно и немало никакви инциденти.

По неуспешниот обид да му наплатат на Лео за неговата кукла, персоналот одбил да го прими на летот, а дури подоцна Лео бил на еден начин принуден да купи повеќе карти, за да добие за себе цел ред слободни седишта, бидејќи во текот на летот, му бил потребен простор за да се врати во нормала и за да се смири.

По објавата мајката доби поддршка од илјадници луѓе на социјалните мрежи.