Корисник на „ТикТок“ сподели трауматизирачко искуство кога открила дека нејзината постара сестра е всушност нејзината мајка.

Неодамнешен тренд на платформата бара од  корисниците да ги споделат најголемите лаги од целиот свој живот. Карол Лу ги шокира корисниците кога откри дека на 16 години дознала дека нејзината мајка и татко се всушност нејзини баба и дедо.

На видеото, кое го гледале повеќе од 3 милиони луѓе, Лу објаснува дека како дете нејзините родители често работеле. Како резултат на тоа нејзините постари браќа и сестри претежно се грижеле за неа, особено нејзината најстара сестра која е 16 години постара од неа.

„Ние никогаш не бевме  богати, па затоа кога имав 13 години, навистина сакав да си купам камера, а родителите ми кажаа „ Добро, но мора да работиш за тоа “, објаснува таа.

„Тогаш , мојата најстара сестра, која беше 16 години постара од мене, го праша своето момче  (кое имаше фарма) дали можам да работам за него“, вели таа.

Таа се сеќава како подоцна, веќе поранешното момче на нејзината сестра и се јави среде ноќ и и рече: „Знам нешто што ќе ти го сврти животот 180 степени“.

„Во тој момент знаев дека мојата најстара сестра е всушност мајка ми и моето семејство ме лажеше 16 години. Тој всушност не рече што е тоа, јас само го почувствував тоа во моите коски “, им раскажува таа на гледачите.

На низа други видеа, Лу објаснува дека е родена во Полска во 90-тите, крајно конзервативна и религиозна земја во тоа време.

Кога дознале дека нивната мала ќерка е бремена, бабите и дедовците на Лу решиле да ја сокријат бременоста во обид да ја заштитат нивната ќерка.

Откако Лу дознала за семејната тајна, таа решила да не каже ништо затоа што сакала да види кога и како ќе и ја кажат вистината.

„Мојата (вистинска) мајка ме носеше на училиште и имаше ден за здравствена проверка, па морав да ја донесам книгата за медицинска историја. На првата страница стоеше моето име, моето презиме и името на мојот родител, и имаше само едно име “- името на сестра ми , вели Лу.

Таа се сеќава дека во тоа време прашувала зошто таму стои името на нејзината сестра, но и беше кажано дека мора да биде некаква грешка.

Лу им рекла на своите следбеници дека неколку недели откако ја дознала вистината, на својата вистинска мајка и рекла дека знае. Додека ова прашање е сè уште чувствителна тема за семејството, таа вели дека тие се преселиле и тоа не влијаело на нивните односи едни со други.