Оваа домашна маска ми го исчисти лицето од црнки
Црните точки на носот и брадата се можеби најголем проблем во изгледот на лицето на секоја дама. Постојат многу начини и методи со кои можете да се ослободите од нив, но оваа маска се изгледа како една од најефикасните.
За подготовка ќе ви бидат потребни:
- 1 лажица желатин без вкус
- 2-3 лажици млеко
Измешајте го желатинот со млекото се додека не добиете хомогена смеса. Поставете ја смесата во сад да се загрее во микробранова печка, во период од 15 секунди.
Пред употреба задолжително се промешува со лажица, потоа се нанесува на лицето со помош на четка за нанесување камена пудра. Откако ќе се нанесе се остава да делува 15 – 20 минути, по што се отстранува од лицето.
Препорака: Да не се нанесува на чувствителна кожа.