„Оваа домашна маска од банана и пиво ја натера косата да расте буквално за неколку дена – Ниту влакно не ми паѓа веќе“
Косопадот е често застапен проблем кој ги засега и мажите и жените, на било која возраст. Истиот може да се случи постепено или пак да настане ненадејно, поради одредена причина.
За оваа цел, денес ви го откриваме едно од најдобрите домашни решенија како брзо и лесно да го спречите косопадот. Станува збор за домашна маска со која ќе го стимулирате растот на нова коса за краток временски период.
Маска за извонреден раст на косата
Потребни состојки
- 1 жолчка
- Половина банана
- 100 мл пиво
- 1-2 супени лажици мед
Начин на подготовка и употреба
Подготвувањето на оваа маска е премногу лесно. Едноставно измешајте ги сите состојки во блендер, до добивање на една соединета смеса.
Добиената маска нанесете ја врз зоните од косата кои најмногу се засегнати од косопадот и оставете ја истата да дејствува неколку часа. Доколку почувствувате ефект на топлина, не грижете се, тоа е знак дека маската дејствува и вашата кожа реагира добро.
Практикувајте ја употребата на оваа чудесна домашна маска еднаш неделно.
Зошто оваа маска е ефикасна?
Бананата се смета за идеална за стимулирање на растот на коса, бидејќи е богата со витамини, калциум, калиум, јаглехидрати и природни масла, кои целосно и длабоко ја хранат косата.
Пивото пак, содржи минерал нарече силициум диоксид, која додава волумен на косата и истата ја прави погуста, а исто така ефикасно го стимулира нејзиниот раст.