Наместо да трошите пари на скапи сирупи Ви нудиме домашен лек со природни состојки кој значително ќе Ви ја ублажи кашлицата. Средството за лекување на кашлица со банани и мед има двојно дејство, го стимулира обновувањето на виталните сили на телото и го забрзува процесот на заздравување. Подготовката на овој лек е многу едноставна. Ви требаат само 3 состојки.

Состојки

  • 2 зрели банани
  • 2 лажици мед
  • 400 ml. вода

Подготовка

Истурете вода во тенџере и ставете на тивок оган. Кога ќе зоврие тргнете ја водата од огнот. Потоа излуените банани ставете ги во блендер или пасирајте ги со вилушка. Додадете ги во врелата вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Кога смесата ќе се излади, додадете 2 лажици мед и добро промешајте. Лекот е подготвен!

Консумирајте 3-4 пати на ден, половина час пред или по оброците. За бебиња до една година не се препорачува употреба на мед. Но, возрасните треба да користат 1-2 лажици. Дури и по првиот ден од третманот, ќе забележите разлика.