„Оваа маска со јаболков оцет ме спаси од старинските дамки на кожата и ја направи кадифено мека“
Кожните проблеми може да се појават на било која возраст. Неправилната исхрана, стресот и дерматолошките заболувања не остануваат незабележани, без да остават последици.
Овие фактори на лицето и кожата оставаат т.н старински дамки, а токму денес ви го откриваме најефикасниот домашен начин како да се ослободите од истите, благодарние на оваа природна маска.
Домашна маска против старински дамки
Потребни состојки
- 2 супени лажици овесна каша
- 2 кафени лажици мед
- 4 супени лажици јаболков оцет
Начин на подготовка и употреба
Сомелете ја овесната каша, а потоа кон истата додадете го медот и оцетот и добро измешајте ги состојките. Добро исчистете го лицето од било какви козметички производи и нанесете ја домашната маска. Оставете ја истата да дејствува 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода. На крај нанесете навлажнувачка крема за лице.
Зошто оваа маска е ефикасна?
Јаболковиот оцет е одамна ценет поради неговите чудесни квалитетни својства. Природната киселина ефикасно се справува со бактериите и габичките, кои инаку активно се развиваат на површината на кожата.
Истовремено, јаболковиот оцет е богат со неверојатно важни витамини и минерали за кожата. Кога се користи правилно, киселината ја балансира кожата и ја прави кожата кадифено мека. Оваа маска ефикасно ќе ја исчисти кожата од возрасните дамки, последици од акни, а дури ќе ги отстрани и фините брчки од лицето.