На Интернет постојат секакви приказни кои нè оставаат без зборови, а токму ваква е и приказната на Пејџ, која ја нема измиено својата коса неверојатни 8 години!

Благодарение на својата неизмиена коса, Пејџ Гозон заработи извонредни 306 милиони допаѓања на популарната платформа ТикТок, по што девојката доби можност за интервју за да ја раскаже својата приказна.

16-годишната девојка од Северна Каролина, САД, престанала својата коса да ја мие од 2012-та година, а според нејзините зборови, родителите ја терале да се капе еднаш дневно, против нејзина волја.

„Најпрво тоа беше протест против моите родители, односно против нивниот секојдневен ритуал да се капам еднаш дневно, што навистина не ми се допаѓаше.“- вели Пејџ.

По неколку недели откако не користела никакви шампони, ниту препарати, девојката била изненадена колку долго може нејзината коса да издржи. Година подоцна, не миењето коса станало нејзин начин на живот.

Девојката сепак од време на време ја плакне косата со чиста вода и нанесува бебешка пудра, а воедно открива дека откако престанала да употребува разни шампони со хемикалии, нејзината коса станала значително поздрава и побујна.