Консумирате цигари повеќе од 5 години? Тогаш со сигурност сте имале бронхит, барем еднаш. Иако најдобро би било да се откажете од цигарите, доколку тоа не е опција, тогаш направете го следниот рецепт и помогнете им на Вашите бели дробови. Овој сируп е одличен и против кашлица и за чистење на белите дробови.

Состојки:

– 400 грама кромид
– 1 литар вода
– 400 грама шеќер
– 2 лажички куркума
– исчистен помал корен ѓумбир

Подготовка:

Ставете го шеќерот во водата и оставете да се вари. Кромидот исецкајте го на четвртинки и изрендајте го ѓумбирот, потоа додадете ги и овие две состојки во водата. Ставете ја и куркумата и кога ќе преврие намалете ја температурата. Варете се додека течноста не се намали за два пати. Потоа напивката ставете ја во тегла, а теглата во фрижидер. Се земаат по две супени лажици наутро на празен стомак и навечер.