Оваа уникатна птица плени со елеганција на која и дамите ќе ѝ подзавидат
Вистинска инспирација за нов Дизни лик!
Птицата-секретарка, како што се нарекува ова волшебно суштество потекнува од родот Sagitarius Serpentarius со измешани гени на јастреб и орел, а претставува ендемичен вид кој може да се најде во Африка.
Прекарот „секретарка“ го добила поради врвовите на задниот дел од телото, односно на грбот, кои наликуваат на службеници од 18-от век со пенкала вметнати во нивните перики.
Чудесната птица има уште една уникатна карактеристика- трепките. Долги, волуменозни, истакнати трепки за кои дамите би убиле!
Нејзината неверојатна и надреална посебност можете да ја видите низ следните магични фотографии, кои се дело на Брајан Коноли, кои поминал 10 години од својот живот фотографирајќи ја птицата-секретарка: