Речиси секој од нас, барем еднаш во животот, се обидел да ги исфрли благите работи, шеќерот и десертите од секојдневното мени, без некој посебен успех. Но, Каролина Хартц од Австралија сериозно го сфатила овој предизвик.

Таа нема вкусено шеќер цели 28 години и вели, дека истиот воопшто не недостасува во нејзиниот начин на исхрана и живот. Неодамна, оваа Австралијка го прослави нејзиниот 70-ти роденден и изгледа и повеќе од неверојатно.

Каролина може да се пофали со беспрекорна кожа, здрава коса и блескав вид. Воедно, таа е полна со енергија, при што секојдневно практикува разна физичка активност, како пливање, трчање, но најмногу обожава да игра тенис.

Многу малку луѓе на нејзина возраст можат да се пофалат со истото, особено со извонреден надворешен изглед и ваква голема самодоверба. Според неа, одлуката да се откаже од шеќерот е најважното нешто што го направила во нејзиниот живот.

„Секоја година стануваме постари, нашиот метаболизам се забавува и сè потешко е да бидеме во форма.“- вели Каролина.

Таа се има откажано од сите видови на производи кои содржат шеќер и воопшто не се кае за нејзината одлука, при што истовремено додава дека иако има 70 години, се чувствува токму како на 35.