Оваа жена живеела 122 години, ги надживеала нејзината ќерка и внука: Договорот кој го потпишала на 90, остава без зборови
Во текот на нејзиниот живот, Жана отсекогаш велела дека се натпреварува да стане симбол за долговечност.
Французинката Жана Калман е жена која во историјата ќе остане запаметена како една од личностите која најдолго живеела, бидејќи достигнала возраст од 122 години. Родена била во 1875-та година, а починала во 1997-та година и целиот свој живот го поминала во градот Арлов, Шведска.
Освен тоа што била жив сведок на множество историски настани, таа ќе остане запаметена и по еден договор. Всушност, Калман во 1965-та година, кога имала 90 години, потпишала договор со адвокатот Андре Франсис Рафреј. Според тој договор, адвокатот се обврзал на Жана да ѝ плаќа по 2.500 евра секој месец, а тој по нејзината смрт ќе го наследи нејзиниот стан, бидејќи таа немала наследници. Адвокатот тогаш имал 47 години и строго ги исполнувал зададените услови. Но, тој со сигурност го потпишал договорот, бидејќи не очекувал дека Жана ќе живее подолго од него.
Адвокатот по неколку години починал, а до самиот негов крај имал исплатено околу 180.000 евра на старата госпоѓа, што дури било двојно повеќе од вистинската вредност на нејзиниот стан. По смртта на адвокатот, традицијата на исплаќање на месечната сум на Жана ја продолжила неговата сопруга.
Жана навистина генијална и уникатна жена, а поради нејзината возраст успеала да влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
За нејзиниот долг живот, таа сметала дека се заслужи начинот на исхрана и одговорниот начин на живот кој го водела.