Довербата е многу важна во секоја врска, но понекогаш тоа зрно сомнеж едноставно не може да престане да ни создава чувство на непријатност, колку и да се трудиме да му веруваме на партнерот, секогаш се грижиме за тоа каде е и со кого е.

Се подразбира, најголемата главоболка е помислата дека можеби се допишува или повторно го гледа со својата поранешна партнерка или партнер.

Според астролозите, треба да обратиме поголемо внимание на одредени хороскопски знаци, бидејќи тие се познати по тоа што им е потешко да го остават минатото да биде минато, па затоа најверојатно повторно ќе стапат во контакт со нивната поранешна љубов. Еве кои се тие:

1. Бик

Откако на Бикот ќе му здодее во сегашната врска, неговата рака веднаш ќе посегне кон мобилниот телефон. Тој дури и без воопшто да размисли, веќе ќе му напише порака на својот поранешен и го стисне копчето за испраќање. На Бикот му е неверојатно тешко да се спротивстави на овој нагон и затоа му треба некој да го убеди во спротивното.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Лав

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, дури и ако тоа внимание доаѓа од погрешни луѓе. Ова е причината зошто идејата за контакт со нивниот поранешен партнер им се чини примамлива. Ова создава чувство на возбуда и пумпање на егото и овие чувства се неопходен дел од секојдневниот живот за Лавот.