Овие 2 мачки се забавуваат повеќе од нас, на „мјаугично“ патување низ Јапонија!
Некој навистина сериозно си сфатил дека животот е еден и треба да се зграпчат сите 365 денови во годината, уживајќи во убавините што ни ги нуди истиот!
Запознајте ги Даикичи и Фуку-Чан, две преслатки спасени мачиња од улица, кои сега заедно со нивниот сопственик Даисуке Нагасава патуваат низ Јапонија. Нивната авантура трае веќе 8 години, а веќе тројцата посетиле повеќе од 1000 места во уникатната Јапонија.
Целата приказна Даисуке ја документира на неговиот Инстаграм профил, а еве како изгледаат нивните заеднички моменти, кои ги затоплија срцата на илјадници луѓе ширум светот.