Овие 2 состојки ќе го продолжат животниот век на вашата машина за перење и ќе го отстранат непријатен мирис
За да може машината за алишта да издржи што подолг временски период и притоа секогаш вашите алишта да мирисаат свежо и чисто, неопходно е уредот да го чистите од време на време.
Колку и да е квалитетен прашокот и омекнувачот што го користите, со текот на времето, машината за перење добива непријатен мирис.
За да ја освежите и да го продолжите нејзиниот животен век, поставете 2 чаши вински оцет или сок од лимон во машината. Следно, истата вклучете ја на највисоката температура.
За кратко, сите непријатни миризби ќе исчезнат!