Тие не се лесни на зборови, но исто така ниту на чувства. За оние родени во овие хороскопски знаци, изрекувањето „те сакам“ е голем предизвик и тешко дека ќе го слушнете во првите месеци од врската.

Еве за кои 3 хороскопски знаци станува збор:

1. Стрелец

Стрелците се луѓе кои не сакаат да бидат приврзани за едно место или личност. Тие ретко се в вљубуваат и тешко е да се замисли дека ќе го поминат остатокот од животот со една личност. Тие обично изразуваат љубов само кон членовите на своето семејство.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Близнаци

Исто како Стрелецот, и Близнаците не сакаат да бидат приврзани кон некого и тие не се особено романтични, при што изјавувањето љубов го сметаат за смешна работа. Тие повеќе ги претпочитаат авантурите и лудите забави, па дури и ако велат дека те сакаат, веројатно не го мислат тоа целосно.

3. Водолија

Водолиите не се авантуристи како Стрелецот и Близнаците, но многу внимателно ја избираат личноста со која ќе се врзат. Тие чекаат да помине одреден „тест“ период за да утврдат дали оваа личност е целосно компатибилна со нив. Водолиите не се лесни на дела или зборови и сè што прават е многу внимателно.