Кога започнувате врска со некого, ризикувате да бидете повредени. Ова е токму причината зошто љубовта изгледа застрашувачки за овие 3 хороскопски знаци, кои даваат се од себе да не се врзат за другите.

Овие хороскопски знаци бегаат од врската без оглед на сè

1. Водолија

Водолиите се вистински професионалнци кога станува збор за за одржување на емотивно растојание. Колку помалку се врзуваат, толку е помала веројатноста дека ќе бидат повредени. Тие уживаат во друштво на останатире, но сепак одржуваат безбедна далечина. Во повеќето случаи, тие дејствуваат рамнодушно, но ова е само маска за да се заштитат себеси.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Стрелец

Стрелецот сака работите да бидат лесни и едноставни. Припадниците на овој  хороскопски знак биле повредени многу пати и не сакаат повторно да го поминат тоа. За да избегнат врска, Стрелците често ги менуваат нештата, а најчесто тоа е нивното место на живеење. Проблемот е во тоа што Стрелците не се рамнодушни – тие навистина се грижат, но полесно е да се игнорираат емоциите и да продолжат понатаму.

3. Девица

За Девицата, емоционалното воздржување е всушност еден вид одбранбен механизам. Ако не им е грижа, тогаш многу помала е веројатноста дека ќе бидат повредени. Тие ќе бидат искрени и отворено ќе ви кажат дека не се подготвени за врска во моментов, но дека може да бидат во иднина. Родените во овој знак нема да ја разубават реалноста или да ви дадат лажна надеж.