Заљубувањето е почетната фаза и во исто време најубавиот период во една врска. Но, она што следува подоцна е многу поважно за вистински здрав и квалитетен однос меѓу партнерите.

Ако сакате да бидете сигурни дали вашата врска е вистинска откријте во продолжение кои знаци откриваат дека односот меѓу вас и вашиот партнер е поцврст и од карпа!

1. Допири и бакнежи

Малите, спонтани знаци на внимание, како што се постојаното допирање за време на вечерата, гледањето филм, дружењето, прошетките и спиењето, кажуваат многу за вас и неговите чувства.бОва се знаци кои откриваат дека уживате во партнерот до максимум и дека не сакате да го „испуштите“, никогаш!

Исто како и гушкањето, бакнежите се многу интимен и длабок начин да се покаже некому колку ви значи. Ако бакнувањето е вашата дневна рутина, може да открие многу за вашата врска. Истражувањата покажаа дека паровите кои се бакнуваат често имаат многу подобра врска од оние кои забораваат на тоа. Бакнувајте се секогаш кога ќе почувствувате потреба!

2. Дружење и интимен однос

Иако интимните односи не мора да бидат знак за квалитетен однос, вашите чувства се. Едно од нив е секако страста. Интимниот ги приближува партнерите, ги прави порелаксирани и посреќни. Воедно, ако на совршено помината вечера исто така подразбирате гледање филм заедно со партнерот, знајте дека вашата врска е на вистинскиот пат.

3. Интуиција

Чувството кога едноставно знаете дека е она вистинското. Истражувањата покажаа дека интуицијата е важен показател за квалитетен однос. Ако, кога гледате во иднината, го гледате вашиот партнер во неа и замислувате среќни моменти што ќе ги поминете заедно, не занемарувајте ја вашата интуиција. Таа е тука со причина.