Овие 4 видови на храна може да ги консумирате во поголеми количества, без да се грижите за килограмите
Иако за поголемиот ден на видови храна од голема важност е во колкава порција се консумираат, бидејќи во спротивно би можеле да влијаат врз телесната тежина, следните 4 видови на храна може да ги консумирате безгрижно.
1. Пуканки
Верувале или не, пуканките се една од најмалку калоричната храна. Овде станува збор за класичната комбинација на пунканки приготвени во малку масло за готвење и сол. Тие содржат многу малку калории и хранливи влакна, што ги прави одлични за дигестивниот тракт.
2. Кисели краставички
Шолја кисели краставички содржи вкупно 16 калории и затоа тие се идеална храна за секоја диета и балансирана секојдневна исхрана.
3. Бадеми, ореви, лешници
Само грст од овие вкусни здрави јаткасти плодови ќе биде доволна да ве засити, а комбинирани и со суво грозје или суви сливи, дополнително ќе го намалат вашиот апетит.
4. Печен чипс
Испечениот чипс не содржи масло, што го прави здрав за консумирање и одлична алтернатива на пржениот компир.