Овие 5 реченици ниту еден маж не сака да ги слушне од неговата партнерка
Од овие 5 реченици им се крева косата на мажите, па затоа доколку сакате да го зачувате мирот во вашата врска, бракот или едноставно домот, избегнувајте ги истите колку што е можно повеќе:
1. Треба да разговараме
Мажите ја гледаат оваа фраза како навестување за сите можни проблеми. Дури и ако сакате да зборувате за едноставно одење на вечера, самиот призвук на таа реченица им укажува на мажите дека нешто не е во ред и тие се чувствуваат виновни уште пред самиот разговор. Мажите сакаат жените веднаш да преминат на поентата, наместо да користат драматични воведи.
2. Тој вака, тој онака…
Признале или не, повеќето мажи се љубоморни. Ако постојано го слушаат истото машко име од бас, без разлика дали станува збор за колега, келнер, сосед или пријател, тие повеќе нема да се концентрираат на приказната што ја раскажувате, туку на мажот за кого постојано зборувате.
3. Повторно го стори тоа
Нагласување дека повторно направил нешто лошо, полека ќе го олади од вас и тој ќе престане да се труди и за најмалите работи, бидејќи ќе биде убеден дека во ништо не е доволно добар.
4. Твојата мајка
Мажите генерално не сакаат конфликтни ситуации и тешко можат да се справат со комплицираните врски на жените. Работата е во тоа, тие знаат дека ако се вклучат во дискусијата при односот на партнерката и неговата мајка, со сигурност една страна ќе заврши обвинета.
5. Мојот поранешен
Честото споменување на вашиот поранешен партнер не звучи како добра идеја, и ако особено ова го правите за време на расправија, можете дополнително да го испровоцирате вашиот партнер.