Стриите имаат тенденција да се појавуваат на видно место и претставуваат сериозен проблем, особено во лето.

Обично се појавуваат на колковите, стомакот, долниот дел на грбот, градите, задникот. Често се јавуваат од бременост, дебелина или брз раст на телото.

За да се ослободат од стрии, луѓето користат различни начини, кои не покажуваат никакви резултати. Но, има природен начин да се отстранат стриите.

Овие 2 состојки може да бидат многу ефикасни за отстранување на стрии:

Мелено кафе – ќе можете да ги отстраните мртвите клетки и ќе ја навлажните кожата. Кофеинот во контакт со кожата преку масажа ја подобрува циркулацијата и има многу добар ефект против целулитот.

Маслиново масло – ќе ви помогне да се исчисти кожата и да ја заштитите истовремено од различни инфекции и бактерии.

Оваа домашна мешавина е со исклучително добри резултати. Правете нежна масажа со неа и само по неколку третмани ќе се радувате на видливиот резултат.

Состојки:

100 грама ситно мелено кафе
1 суп. лаж. маслиново масло

Подготовка:

Истурете 100 грама ситно мелено кафе во врела вода до добивањето на густа хомогена смеса. Додаде 1 лажица маслиново масло. Промешајте и нанесете од оваа смеса на проблематичните места на кожата. Треба да правите масажа со кружни движења во времетраење од 5 – 10 минути. Потоа исплакнете прво со топла, а потоа со ладна вода.

Оваа смеса со кафе е со докажани ефикасни својства против целулит и стрии, бидејќи кофеинот во кафето ја тонира кожата, а фините честички помагаат за отстранување на мртвите клетки.

Ова може да се применува по 2-3 пати на ден, по користењето е убаво да се користи и крем за потхранување на кожата.