Денес се одбележуваат 22 години од смртта на една и единствената, незаменлива, принцезата Дијана.

Неколку дена пред да почине, таа направила нешто многу мило, гест кој го трогнал целиот свет и доказ дека нејзината добрина беше бескрајна. Сцената опишана како морничава, ќе остане во сеќавање на милиони луѓе, но истата во потполност, го опишува карактерот на Дијана.

За време на една посета во Сараево, додека поминувала со автомобил крај гробишта, принцезата Дијана му наредила на својот личен шофер веднаш да застане.

Таа излегла од автомобилот и влегла во дворот на гробишатата. Таму таа здогледала  мајка на дете, која плачела над неговиот гроб. Дијана веднаш ја прегрнала ожалостената мајка и се обидела да ја охрабри, давајќи ѝ поддршка.

„Нејзиниот израз на лицето додека беше на гробиштата, на последниот ден од нашето патување ќе ме прогонува до крајот на животот. Дијана не знаеше босански, а жената не знаеше англиски. Тие едноставно се прегрнаа. Моментот беше толку интимен, толку емотивен, меѓу две мајки, од која едната го изгубила највредното нешто.“- раскажува Џери, нејзиниот личен шофер Џери.

Мајката која пак тогаш се сретнала со принцезата, вели дека таа сцена како да ја предвидела кобната несреќа. „Само талкаше од гроб на гроб и видно тажеше по починатите“- вели жената.

Принцезата Дијана загина на 31-ви август, 1997-та година, во автомобилска несреќа во Париз, а заедно со неа загина и нејзиниот партнер Доди Ал Фаед и возачот на автомобилот,  Анри Пол.