Овие неодоливи мачиња имаат цела колекција на шапки направени токму од нивното крзно
Обожавателите на мачки ќе се согласат дека нивната слаткост е едноставно бескрајна. Без разлика дали спијат, кога си играат со најмалите, кога се мистериозни ловци на птици или кога чекаат храна пред ладилникот, тие секогаш знаат како да изгледаат недоволиво!
Ова слатко трио составено од мачињата Наја, Мар и Маги се навикати на нивните моделски кариери, односно постојано да позираат пред објективот на јапонскиот пар Рио Јамазаки и неговата сопруга Хироми, кои пронашле генијален начин како да се справат со крзното кое во одреден период во годината им паѓа на животните.
Токму од сопственото крзно на нивните миленици, парот се досетил да изработи шапки, а сега мачињата изгледаат двојно послатко. Во продолжение погледнете ги резултатите од креативната идеја на парот: