Овие популарни фризури кои беа хит во 90-те години, повторно се враќаат во мода
Фризурите кои ги носевте на излегување во 90-те години или кои ви ги правеше вашата мајка, се повторно во мода, повторно како вистински хит!
Од облеката која мислевме дека е изгубена засекогаш во минатото, до фризурите кои им беа омилени на нашите мајки, инспирирани од „Беверли Хилс 92102“, легендарните 90-те години повторно се враќаат под рефлекторот на модната сцена.
Овој пат ќе зборуваме токму за фризурите, кои порано беа екстремно популарни, а сега повторно често носени и им станаа омилени на модните блогерки, славните дами и жените ширум светот.
Еве кои се тие:
1. Мазна, многу мазна коса со патецот на средина
Рејчл Грин од „Пријатели“ ја носеше во повеќето сезони од култната серија. Ваквата фризура беше поим за модерен изглед во 90-те, а без сомнение, токму тоа е и денес!
2. Спуштена коса со мало коњско опавче на врвот
Денес е омилена на ѕвездите како Ким Кардашијан, а ако ги проверите вашите стари фотографии, ќе забележите дека била омилена фризура и на вас и вашите пријателки.
3. Тапирана со поголем волумен
Доколку се сеќавате добро, во 90-те години постоеше одредена симпатија кон гламурот на стариот Холивуд. Помислете на Мадона во тие денови, која ни се чинеше дека постојано ја имитира Мерлин Монро. И овој уникатен изглед повторно е во мода!
4. Ниско коњско опавче со малку прамени извадени на страните
Нека крене рака оној кој во 90-те ја мразел оваа фризура, а денес со задоволство сам ќе си ја направи, бидејќи е во повторно тренд!
5. Со рибарски шапки
Не постои славна личност во 2019-та година, која им се спротистави на легендарните рибарски шапки од 90-те години. Тие повторно се кул!
6. Со крупни шноли
Тренд во 1995-та година, а модна опсесија на жените во 2019-та!