Овие жени ги игнорирале навредите на интернет и докажале дека секое тело е „бикини тело“
Летото е зад аголот, и така фитнес салите се преполни и луѓето трчаат по тротоарите и парковите за да го добијат посакуваното „бикини тело“. Вежбањето е секогаш добра навика и секогаш треба да се поттикнува, но дали овие цели се навистина здрави? Овие жени се тука за да нè потсетат дека без разлика колку сте големи или каков облик на телото имате, секое тело е „бикини тело“, доколку носите бикини.
Светот на модата се развива и станува се повеќе инклузивен, со огромна разновидност на облека од плус големина која сега е достапна, како и плус сајз модели кои ги охрабруваат жените да ги прифатат нивните облини.