Овој домашен раствор буквално го согорува плевелот, онаму каде што најтешко се чисти – Брзо, лесно и евтино
Многу сопственици на куќи или сопственици на викендички најчесто како декоративен елемент за дворовите избираат бетонски плочки или од камен, бидејќи не само што е естетско, туку и практично.
Односно, на пример, при обилен дожд, овој тип на плочки ни овозможуваат слободно движење, без да се соочуваме со кал на чевлите. Но, плочките имаат и еден недостаток. Често меѓу нивните фуги никнуваат разни видови на трева и плевел, чие отстранување е вистинска невозможна мисија.
Токму за оваа цел, денес со вас сакаме да споделиме рецепт за едно брзо и ефикасно домашно средство против плевел, благодарение на кое, по само неколку дена нема да остане ниту трага од истиот и никогаш повторно нема да порасне.
Ефикасен домашен раствор против плевел
Потребни состојки
- 100 мл оцет
- 300 мл вода
- 1 супена лажица сол
- Неколку капки течен сапун
Начин на подготовка и употреба
Едноставно измешајте ги сите состојки заедно во вода. Добиениот раствор исипете го во шише – спреј и напрскајте обилно количество врз несаканата трева и плевелот. Растворот буквално ќе ги согори истите, а потоа само ви препостанува да ги соберете и исчистите.