Овој горила е толку фотогеничен што луѓето го споредуваат со Џорџ Клуни
Еве еден мажјак кој се однесува како животно, но изгледа како Џорџ Клуни. Идеално нели? Сепак следи разочарување бидејќи зборуваме за згодниот горила Шабани од јапонската Зоолошка градина Хигашијама. Тој стана голема сензација во последно време поради неговиот „талент“ секогаш да позира на фотографии како вистински фраер. Шабани е горила-мажјак којшто израснал во австралиската зоолошка градина и стана вистински „срцекршач“ во Јапонија. Многу жени ја посетиле зоолошката градина само за да го видат овој 19-годишен убавец, а по социјалните медиуми почнаа да кружат констатации дека тој премногу наликува на познатиот актер Џорџ Клуни. Што мислите вие? Едно е сигурно… и двајцата изгледаат како вистински заводници.