Овој маж не очекуваше дека по смртта на неговата најголема љубов, ќе запознае нова, која му била судена уште многу одамна
Дали верувате во судбината? Понекогаш има толку многу неочекувани настани, поради кои започнуваме да мислиме дека не може да биде толкава случајност. Животот постојани ни приредува изненадувања.
Токму ваква е и следната љубовна приказна.
Џастин Паундерс паднал во тешка депресија, по смртта на неговата свршеница, Адриана Робертс, до тој степен што цврсто верувал дека веќе никогаш нема да пронајде љубов. Неговата мајка се молеше и се надеваше секој ден, дека Џастин ќе запознае некого, кој ќе успее повторно да го направи среќен.
Токму по одредено време, нејзините молби беа слушнати и остварени. Еден ден Џастин донесе одлука да се зачлени на сајт за запознавање и имаше голема среќа таму да запознае една прекрасна жена.
По извесен период, тој реши дека поминало доволно време и редно е новата девојка да ја запознае со неговата мајка, а токму тогаш се случило нешто најнеочекувано. Неговата мајка му покажа фотографии од детската градинка и всушност малото девојќе во кое Џастин за првпат бил вљубен е неговата нова љубов.
Самиот Џастин не може да поверува дека по 30 години, повторно е обединет со неговата прва љубов, со која сега планираат заеднички и исполнет живот.