Овој студент поминал 11 години „врзан“ за својот кревет поради мистериозна болест, а потоа самиот пронајде начин како да се излекува
На 21-годишна возраст, Даг Линдзи беше принуден да го напушти факултетот заради мистериозна состојба која лекарите не беа во можност да ја дијагностицираат во наредните 11 години – сè додека самиот Даг не го измисли својот лек.
Даг поминал една деценија боледувајќи од мистериозната болест, претежно „врзан“ за болнички кревет, во својот роден град во Св. Луис, Мисури. Неговите симптоми вклучувале слабост, вртоглавица и забрзано отчукање на срцето. Во тој период, студентот не бил способен ниту да стои независно, повеќе од неколку минути.
Лекарите биле збунети бидејќи ниту еден третман не помогнал. Здравствената состојба на момчето била наследна т.е неговата мајка и тетка исто така страдале од истата мистериозна болест.
Додека бил на училиште, Даг земал учебник по ендокринологија од 2.200 страници, со надеж дека истиот ќе му помогне т.е ќе го искористи за да ја открие состојбата на неговата мајка. Од тоа, тој утврдил дека неговата болест потекнува од надбубрежните жлезди.
За време на долгите години поминати во кревет, Даг продолжил сè повеќе да го продлабочува своето читање низ бројните медицински истражувања и стари лекарски учебници. Тој, исто така, се консултирал со специјалисти во ендокринологијата, неврологијата, интерна медицината и други специјалности.
Збирот од сите тие научни информации на крајот го натераа Даг да експериментира со нов лек за неговата состојба, што му овозможи да биде физички активен на кратки период и да може да се движи во својот дом. Во 2006-та година, на Даг конечно му била констатирана дијагноза: Тој страдал од билатерална надбубрежна медуларна хиперплазија. Со други зборови, неговите надбубрежни жлезди произведувале премногу адреналин.
Ова откритие го натера Даг сам да измисли операција за да го излечи неговиот проблемот, без притоа да ја има соодветната факултетска диплома за истото. Откако конечно го убедил хирургот да ја тестира својата нова операција (пионерска хирургија, која воопшто не е едноставна), во 2010 и 2012 година, Даг беше подложен на операции за да ги отстрани медулите од надбубрежните жлезди, со што успеа да го спречи прекумереното производство на адреналин.
Денес Даг иако сè уште прима лекови за неговата состојба – но тој успеа да си го врати животот. Тој моментално работи како медицински консултант и служи како инспирација за страдаат од хронични заболувања низ целиот свет.
„Можеби не можам да бидат асистент во трговски центар, бидејќи немам толкава физичка способност, но сега можам да патувам и да држам мотивациски говори. И можам да се обидам да го променам светот“- вели Даг.