Овој вид на храна се смета за најдобра за оние луѓе кои имаат висок крвен притисок, тврдат британските експерти
Високиот крвен притисок е хронична медицинска состојба при која крвниот притисок во артериите е покачен. Од таа причина, срцето е принудено да работи многу повеќе од нормалното, за да ја одржува циркулацијата на крвта низ организамот.
Според британските нутриционисти сирењето моцарела е најдобриот производ за луѓето кои се соочуваат со оваа здравствена состојба. Млечните производи се богати со калциум, но повеќето од нив содржат многу масти, додека пак кај други е преголема е застапеноста на сол.
За разлика од нив, моцарелата содржи многу мало количество на сол и масти. Британските експерти објаснуваат дека пациентите со хипертензија, во своето дневно мени не само што треба да ја вклучат моцарелата, туку и други видови на бело сирење како фета и козјото сирење.
Дополнително, урдата кој содржи помалку масти, исто така помага во намалување на високиот крвен притисок.
Воедно, според експертите, редовното консумирање на сирењето покрај за оваа намена, може да ви помогне да ослабнете и полесно да ја негувате вашата витка линија.