Денес ви предлагаме една фантастична и брза идеја за вечера, па дури и за брз ручек. За истата ви се потребни сосема вообичаени состојки, а нејзиниот вкус ги надминува сите очекувања!

Палачинка од мелено месо, 3 јајца и 3 компири

Денес ви предлагаме една фантастична и брза идеја з авечера, па дури и за брз ручек. За истата ви се потребни сосема вообичаени состојки, а нејзиниот вкус ги надминува сите очекувања!
Total Time45 minutes
Course: Вечера
Cuisine: Мексиканска
Клучни зборови: мелено месо, палачинки
Servings: 4

Ingredients

  • 300 гр мелено месо
  • 3 компири
  • 3 јајца
  • По вкус мелен црн пипер и сол
  • 2 супени лажици брашно
  • Половина глава кромид
  • 100 гр кашкавал
  • По потреба масло за готвење
  • 1 страк копар

Instructions

  • Испржете го меленото месо во тава, до негово целосно приготвување. Додадете сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус.
  • Излупете ги компирите и крупно изрендајте ги. Добро прецедете го сокот од истите, а потоа кон компирите додадете ги изматените јајца и брашното. Посолете по ваша желба и добро измешајте ги состојките заедно.
  • Потоа исипете тенок слој од добиената смеса во тавата, вооблик на палачинка.
  • Испржете добро од едната страна, а потоа свртете ја палачинката, за да се испржи и другата страна. Кога палачинката ќе биде готова, без да ја кревате од тавата, нанесете врз истата кечап.
  • Врз палачинката нанесете го меленото месо, а потоа додадете го и кромидот, претходно исечен на прстени. Нанесете го копарот и изренданиот кашкавал.
  • Завитакјте ја палачинката и почекајте кашкавалот да се растопи.