Палачинките од гриз можеби не звучат премногу интересно, но крајниот резултат е дефинитивно воодушевувачки! Овој необичен рецепт ги дава највкусните, нежни и здрави палачинки, на кои ретко кој може да одолее!

Палачинки од брашно, гриз и вода

Палачинките од гриз можеби не звучат премногу интересно,но крајниот резултат е дефинитивно воодушевувачки! Овој необичен рецепт ги даванајвкусните, нежни и здрави палачинки, на кои ретко кој може да одолее!
Total Time1 hour
Course: Dessert
Cuisine: Француска
Клучни зборови: палачинки
Servings: 4

Ingredients

  • 1 шолја гриз
  • Половина шолја брашно
  • 1 жолчка
  • 3 супени лажици шеќер
  • 1 1/2 шолји топла вода
  • 10 гр свеж квасец
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1 прстофат сол

Instructions

  • Измешајте го гризот со брашното, додадете ја и жолчката кон добиената смеса, залејте со топла вода и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Потоа додадете прстофат сол, пециво, а следно додадете го и квасецот. Измешајте до добивање соединета мазна смеса. Тестото треба да биде со конзистенција како класичната смеса за палачинки.
  • Поставете го тестото на топло место, да отстои половина час.
  • Потоа, лесно премачкајте ја тавата со масло за готвење и започнете да ги пржите палачинките од смесата. Неопходно е само да пржите од едната страна.
  • Сервирајте ги палачинките со прилог по ваша желба.