Доколку досега ве плашело приготвувањето на палачинки и сте имале бројни неуспеси, денес со вас го споделуваме најдобриот рецепт, со кој е невозможно да погрешите!

Палачинки „Трите шолји“

Доколку досега ве плашело приготвувањето на палачинки и сте имале бројни неуспеси, денес со вас го споделуваме најдобриот рецепт, со кој е невозможно да погрешите!
Total Time20 minutes
Course: Десерт
Cuisine: Француска
Клучни зборови: палачинки
Servings: 4

Ingredients

  • 1 шолја врела вода
  • 1 шолја пресно млеко
  • 1 шолја брашно
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 супена лажица шеќер
  • 40 мл растително масло

Instructions

  • Земете длабок сад и во истиот скршете ги јајцата, додадете ги солта, шеќерот и растителното масло и со миксер, добро измешајте ги состојките, до добивање на мазна смеса.
  • Без да го исклучувате миксерот, наеднаш исипете ја целата врела вода, а потоа и млекото.
  • Додека продолжувате да мешате, исипете ја и последната состојка – брашното. Измешајте до добивање на една соединета мазна смеса.
  • Премачкајте ја специјалната тава за палачинки со маслиново масло.
  • Со црпалка исипете внатре од тестото и испржете ги палачинките, по 1 минута за секоја страна поединечно.