Палачники без млеко – Најлесните и највкусните што постојат!
Доколку обожавате палачники, но вашиот организам е нетолерантен на млеко, ќе се изненадите дека постојат бројни рецепти за подготовка на палачинки без млеко, само со вода. Токму следниот рецепт е еден од нив кој вреди да се проба, кој притоа не остава никого рамнодушен со богатиот вкус!
Палачники без млеко

Servings: 4
Ingredients
- 600 мл вода
- 300 гр пченично брашно
- 3 јајца
- Половина кафена лажица сол
- Половина кафена лажица сода бикарбона
- 1 супена лажица шеќер
- 1 супена лажица сончогледово масло
- Половина кафена лажица лимонска киселина
Instructions
- Добро изматете ги јајцата, а потоа кон истите додадете 500 мл вода, сол, шеќер, сода бикарбона и повторно изматете ја целата смеса.
- Во преостанатите 100 мл вода разредете ја лимонската киселина и оставете ја на страна.
- Пресејте го брашното во смесата со јајцата и замесете тесто без грутки. Оставете го да отстои 20 минути.
- Додадете ја лимонската киселина и по желба, ситно исечени зачини. Изматете го тестото со миксер и започнете да ги печете палачинките: Добро испечете ги и од двете страни.