Букет од зачини, многу лук, маслиново масло и пармезан. Лесни за подготовка, многу вкусни печени зеленчуци.

Потребни производи:

2 тиквички

1 кг мали, свежи компири

200 гр печурки

10 лукчиња

100 г домати

1/2 лажиче сува мајчина душица

1/2 лажиче суво оригано

црн пипер

сол

60 г рендан пармезан

50 мл маслиново масло

2 стебленца свежа мајчина душица

Начин на приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Измијте го зеленчукот, тиквички и компирите, без да ги лупите, исечете ги на парчиња. Ставете ги во сад. Посипете ги сувите зачини, сол, бибер и полијте ги со маслиново масло. Измешајте ги добро и ставете ги во тава, обложена со хартија за печење. Ставете одозгора 2 стебленца свежа мајчина душица. Печете околу 30 минути.

Извадете ги и уште топли посипете ги со рендан пармезан.