Печено свинско месо со суво грозје, суви сливи и кајсии
Потребни состојки:
- 1 кг. Свинско месо (бонфиле)
- 4- 5 главици кромид
- 50 гр. сушени кајсии
- 50 гр. сушени сливи
- 50 гр. сушено грозје
- 200 мл. темно пиво
Зачини: вегета, црвен пипер, мелен бибер, 20 зрна бибер, ловоров лист, сол по желба
Потребно време за подготовка: 3 часа
Свинското месо се мие, се суши со крпа и се посипува со црн и црвен пипер. Се сече на прстени, на 10 – 12 парчиња и помеѓу секое парче се додаваат неколку зрна бибер и кромид сецкан на кругови. Се прелива со масло и одозгора се прелива со сушените кајсии, сливи и грозје. Се додаваат неколку парчиња ловоров лист и се става во загреана рерна, се пече на температура од 170 – 190 степени, 2 часа.