„Пеам за да го вратам“: Момче настапи на „Британија има талент“ во чест на неговиот брат кој страда од синдром „Затворен човек“
Додека неговиот брат лежел неподвижен, закован за болничкиот кревет и заробен во сопственото тело, Марк Мекмјулан ја свирел неговата омилена музика.
„Остави го да биде свој, остави го да живее, остави ме мене да умрам“- е она што тивко се слушално во болницата, а тоа биле омилените стихови на 19-годишниот Деклан, од мјузикалот „Клетници“.
Полуфиналистот Марк Мекмјулан во популарното шоу „Британија има талент“, не само што го освои срцето на жирито, туку и на огромната публика, настапувајќи во чест на својот болен брат.
Неговиот брат Деклан страда од синдромот на „Затворен човек“, синдром, состојба при која пациентот е буден и свесен, но не може да се движи, ниту пак да зборува, поради целосна парализа на мускулите во телото.
За жал, по добиен срцев удар, и покрај веднаш укажаната помош, животот на Деклан добил драстична промена, што довела до појава на специфинчниот синдром.
„Деклан е мојот најголем и најверен обожавател, а неговата омилена изведба е Клетници, со која настапував во основно. Пред да се разболи, ми призна дека само еднаш плачел во животот, а тоа било токму на таа мелодија. Тој е многу горд на мене, а мојата музика му е единствена утеха додека лежеше заробен во болничкиот кревет“- вели Марк, кој сега има 24 години и по професија е архитект.
Еве како изгледаше емоционалната изведба, која во публиката ја слушаше и Деклан