Персоналот ја тужи Ким Кардашијан затоа што не им давала плата додека работеле во нејзината вила вредна 60 милиони долари
Работниците за одржување и чистење кои стојат зад тужбата тврдат дека биле ангажирани од Кардашијан да работат во нејзиниот дом вреден 60 милиони долари во Хидин Хилс, Калифорнија, но велат дека по започнувањето со работата биле третирани како „привремени работници“, наместо вработени со полно работно време.
Како резултат, велат работниците, изгубиле бенефиции кои обично ги добиваат вработените со полно работно време, а во тужбата се тврди дека не биле платени според редовниот распоред.
Во правните документи, членовите на персоналот, исто така, тврдат дека немале паузи за оброк за време на нивното престојување во вилата.
Тие исто така тврдат дека не постоел систем преку кој би можеле да ги евидентираат своите работни часови, што значи дека Кардашијан не им плаќала за прекувремената работа.
Иако работниците ја именуваа Кардашијан во судскиот спор, претставник на sвездата рече дека таа ангажирала друг вработен да се грижи за тековните работи околу нејзиниот персонал и затоа не сноси никаква одговорност за договорот склучен помеѓу вработените.
Претставникот вели: „ Кардашијан не е одговорна за договорот што го случил нејзин вработен со персоналот“.
Тужбата е покрената против Кардашијан од адвокатската канцеларија Ким Легал, а адвокатот Френк Ким изјави дека „кражбата на платите и другите повреди на работното место се голем проблем во Лос Анџелес“.
Тој вели: „Мојата фирма во моментов истражува други моќни семејства кои се обвинети за неисплаќање на нивниот персонал“.