Петмесечно бебе коала добива гипс откако падна од дрво и го скрши екстремитетот
Австралиска зоолошка градина сподели фотографија од храбро бебе коала, кое беше третирано за скршеница на раката, откако беше спасена кога нејзината мајка падна од дрво во плантажа со еукалиптус.
Малото имало само пет месеци и тежело 500 грама, кога веднаш било однесено во зоолошката градина Верриби во Викторија каде било лекувано од ветеринари.
„Таа беше само во фаза кога ќе започнеше да ја издвојува главата од торбичката на мама. Ббебиња со таа големина немаат добра шанса на преживување “, рече медицинската сестра Џеси Рис.
Но, стручниот персонал во зоолошката градина одби да се откаже, обезбедувајќи деноноќна грижа и опремување на сирачето со симпатична лонгета на раката откако рендгенските снимки открија дека таа го скршила екстремитетот при падот.
Наскоро, коалата започнала да добива на тежина и доволно сила да ја истражи својата околина и да се искачи на задниот дел на играчка коала, како што природно би правела со нејзината мајка.
Вработените во зоолошката градина, сепак, беа воодушевени што можеа да го спасат бебето кое закрепна доволно за да биде испратено да живее со негувател на диви животни пред да биде вратено во дивината.
Министерот за животна средина Мет Кин рече дека ќе продолжи со притисокот на владата за двојно зголемување на бројот на коали во Нов Јужен Велс, Австралија, до 2050 година.