Овој текст е за Вас, драги мажи. Бидејќи е вистина дека жените се тешки за разбирање.

“Добро!”

Кога ќе каже “Добро!”, тоа значи дека ниту е убаво, ниту е добро. Нешто повеќе – значи дека на жената и е дојдено преку носот тоа што сте ја натерале да се согласи со нешто што очигледно не го одобрува и со што не се согласува. Затоа, најдобро размислете за последиците и преценете дали вреди да инсистирате …

“Пет минути!”

Ооох, готви се за најмалку 50! И во никој случај не си дозволувајте да покажете нетрпение или иритација. Не заборавајте – жената сака да биде убава, колку ради себе, толку и ради вас. Затоа најголемата грешка ќе е ако и после сите подготовки ја пречекате со реплика во стил “Крајно време беше!”, А не со зборови како “Прекрасна си!”.

“Ништо!”

О, дефинитивно има нешто! И тоа ‘нешто’ е големо – можете да бидете сигурни во тоа! Исто така може да бидете сигурни и дека најверојатно вие сте причината за тоа ‘нешто’ . Може да е нешто што сте рекле. Или не сте кажале. Или нешто што сте го направиле. Или не сте направиле. Ако го прифатите нејзиниот одговорот за искрен и ако мислите дека стварно навистина нема ништо – сигурно наскоро ќе има нешто големо. Затоа најдобро отидете до неа, прегрнете ја и нежно кажете: “Знам дека има нешто што те мачи. Можеш се да ми кажеш …” И тогаш навистина ‘нештото’ ќе стане ‘ништо’ …

“Јас ќе направам!”

Ако ја слушнете оваа реченица од устата на жената, навистина сте во неволја. За да каже дека ТАА ќе заврши со задачата, значи доста време Ве чека да ја завршите Вие. Точно е дека живееме во рамноправен свет, но и покрај сѐ жената сака до себе маж кој умее да се справи со различни ситуации, а не да ја товари со задачи кои сам може (и треба) да ги заврши.

“Остави ме на мира!”

Во никој случај не ја оставајте сама! Последното нешто што жената го сака во овој момент е да се повлечете. Тоа само ќе го зајакне нејзиното верување дека ниту ја разбирате, ниту сакате да ја разберете. Ќе ја натерате да си помисли дека не може да се потпре на вас, не може да очекува поддршка од вас…

Да, драги мажи, жените не се лесни. Но, сепак колку здодевен и сива би бил животот без нив, нели?