„Пиев само сок од портокал цели 40 дена – еве што тоа направи со моето тело и организам“
Ен Озборн од Квинсленд, Австралија, изјавила дека пиела сок од портокал 40 дена и дека никогаш не се чувствувала поздрава, според „USA Today“. Озборн, која се нарекува @fruitisbeaut на „Инстаграм“, објавува содржина на нејзината страница за нејзиното искуство со фрутаризмот, диета која се состои само од овошје.
Здравствените експерти се пожалија дека диетата не е баш соодветна кога станува збор за исполнување на нутритивните придобивки на една личност или дневниот внес на калории, но тоа не ги спречи луѓето како Озборн да ја користат.
„Тоа беше прекрасно искуство. Почувствував емоционални придобивки, физички и духовни придобивки“, им кажа Озборн на своите следбеници на „Инстаграм“ за нејзиното 40-дневно чистење со сок од портокал, што го направи за време на Великиот пост. Таа рече дека за време на постот со сок имала „одлично физичко здравје, одлична енергија и одлична дигестија“.
Експертите се согласуваат дека сокот од портокал има одредени здравствени придобивки и е богат со витамин Ц, кој е добар за имунолошкиот систем, срцето и го поттикнува производството на колаген. Тоа е исто така антиоксиданс кој ги штити вашите клетки од слободните радикали. Бидејќи телото не произведува витамин Ц по природен пат, луѓето треба да го внесуваат од нивната исхрана. Примањето 2.000 мг или повеќе витамин Ц може да предизвика здравствени проблеми како што се камења во бубрезите или гастроинтестинални нарушувања.
Озборн вели дека понекогаш пие 5 литри сок од портокал дневно, што изнесува околу 2.620,6 мг, според пресметките на „Google“. Пиењето сок, кој може да биде богат со шеќер, исто така нема толку многу придобивки како јадењето сирово овошје.
„Сите сокови обично се лишени од нивните корисни влакна кои помагаат да се забави апсорпцијата на шеќери и да се намали гликемискиот индекс“, изјави регистрираната диететичарка Аби Шарп за „USA Today“.
„Значи, сокот од портокал, дури и кога не е засладен, може да предизвика скокови на шеќерот во крвта“, додаде таа. Друга потенцијална опасност од пиење премногу сок од портокал е тоа што портокалите се агруми, со висока киселост. Киселоста може да ја оштети забната глеѓ и да предизвика рефлукс на киселина. Диетата со овошни сокови на кои им недостасуваат калории кои се наоѓаат во цврстата храна, исто така, може да доведат до глад или дури и смрт. Руската инфлуенсерка за веганска и сурова храна Жана Самсонова почина од глад на 39 години. Нејзината исхрана се состоеше само од овошје, никулци од семки од сончоглед, овошни смутиња и сокови.