Пилешко на медитерански начин – Уживате во вкусот бескрајно и истовремено слабеете
Овој вкусен рецепт е идеален за љубителите на пилешкото месо, а воедно и совршен доколку моментално држите некоја диета или се обидувате да симнете неколку килограми вишок.
Пилешко на медитерански начин
Овој вкусен рецепт е идеален за љубителите на пилешкото месо, а воедно и совршен доколку моментално држите некоја диета или се обидувате да симнете неколку килограми вишок.
Ingredients
- 600 гр пилешко филе
- 1 пиперка
- 4 јајца
- 200 гр урда
- 150 гр сирење
- 3 супени лажици кисела павлака
- Неколку домати
- 1 страк зелен кромид
- По вкус сол, мелен црн пипер, зачини
Instructions
- Измијте и исушете го филето, а потоа исечете го на мали коцки и додадете го во садот. Посолете го месото, зачинете го со зачини по ваш вкус и додадете ја киселата павлака.
- Измешајте добро и веднаш може да го додадете во садот за печење. Доколку сакате јадењето да биде уште повеќе диетално, додадете кисело млеко наместо павлака.
- Сега за филот: Ситно исечете го зелениот кромид, а пиперката исечете ја на мали коцки. Поставете ја урдата во сад и во истата изматете ги јајцата и додадете сол и зачини по ваш вкус. Добро измешајте ги состојките.
- Додадете и мелен црн пипер и исечениот кромид. Добиената смеса додадете ја кон пилешкото месо, кое за ова време успеало соодветно да се маринира.
- Изрендајте го кашкавалот и нанесете го врз јадењето .Одозгора додадете ги исечените домати. Вклучете ја рерната и загрејте ја до 180°C. Печете го специјалитетот 45 минути.
- Извадете го готовото јадење од рерната и оставете го да отстои 10-15 минути, со цел пилешкото месо подобро да го апсорбира одделениот сок.